Манчестер Јунајтед работи на трансфер на Хакан Чалханоглу

Новинарски извори од Италија трврдат дека Манчестер Јунајтед почна да работи на доведување на Хакан Чалханоглу од Интер 

Трансферот би се реализирал во летниот период, а од таборот на „црвените ѓаволи“ веруваат дека Турчинот би бил вистински избор како појачување за средниот ред од тимот.

Чалханоглу во Интер се пресели минатото лето во слободен трансфер и веднаш стана клучен играч на нероазурите, откако претходно четири сезони играше за градскиот ривал Милан. Тој има договор со Интер до 2024 година, и се очекува Манчестер Јунајтед да издвои прилично висока сума ако сака да го види на „Олд Трафорд“.