Спортот во служба на хуманоста

Darko Stankovski  29-08-2018

11

Од 15 до 19 август во Струга се одржа Меѓународниот ракометен турнир на отвореното игралиште „Женска плажа“ во Струга по 46-ти пат. Но, освен што се уживаше во ракометот, турнирот имаше и хуманитарен карактер.

На крајот на турнирот беа собрани 160 000 денари, половина од сумата ќе биде донирана за заводот за неврологија во Струга, додека втората половина ќе биде доделена на оделот на Спортска медицина во Здравствениот дом Струга.

Екипата на Цеље Пивоварна Лашко од Словенија беше победник на турнирот, која ја победи екипата на Доброгеа Суд Констанца од Романија во финалето.

На турнирот учествуваше и битолската екипа Еурофарм Работник.

Најдобар ракометар на турнирот: Домен Макуц – Цеље Пивоварна Лашко

Најдобар голман на турнирот: Клемен Ферлин – Цеље Пивоварно Лашко, и

Најдобар стрелец на турнирот: Горан Кузманоски – Еурофарм Работник

Еден од спонзорите на натпреварите беа и спортските обложувалници Евротип.

 

 




© Evrotip 2015-2019