Македонија против Јапонија на почетокот на Светското првенство во ракомет!

Darko Stankovski  31-10-2018

rakomet

Од 10 до 27 јануари идната година, ќе се одржи 26-то по ред Светско првенство во ракомет во Германија и Данска. Распоредот на натпреварите се официјално познати. Македонија е во групата Б со селекциите на Хрватска, Шпанија, Исланд, Бахреин и Јапонија.

Избраниците на селекторот Раул Гонзалез ќе ги играат мечевите од групната фаза во Минхен. Ова првенство ќе го започнат на 11 јануари против Јапонците со почеток од 15:30 часот, на 12-ти се слободни, потоа на 13-ти од 14:00 часот ќе играме со Бахреин, а следниот ден од 18:00 часот е првиот посериозен тест против Хрватите.

На 15-ти јануари е ден за одмор, додека на 16-ти од 20:30 часот ќе ги одмериме силите со Шпанија, а на 17-ти јануари групната фаза ја завршуваме против Исланд од 18:00 часот.

Најдобрите три репрезентации од секоја група ќе се пласираат во следната фаза.

Полуфиналето е на 25-ти во Хамбург (Германија), додека борбата за златниот медал ќе се одлучуваа на 27 јануари во Хернинг.

40731-definitivno-e-makedonija-kje-ja-precheka-turcija-vo-bitola




© Evrotip 2015-2019