Поважни правила на играта


  • Услов да се учествува во играта е играчите да не се помлади од 18 години и да се придружуваат на правилата на игра на обложување на спортски натпревари кои го одредил приредувачот на истите.

  • Минимална висина на уплата за обложување е 2 (два) денари по комбинација, а минимална уплата по талон е 20 денари. Крајниот рок за уплата за учество во играта е уплатата да се изврши до почеток на првиот натпревар од типуваните на талонот.

  • Играчите учествуваат во игра со талони на кои ќе бидат означени сите битни елементи потребни за учество во обложувањето пропишани од страна на организаторот.

  • Учесникот може да се повлечи од игра и да се изврши враќање на уплатата после проверка на талонот на самото место при уплатата, но само во случај ниеден натпревар кој се наоѓа на талонот да не биде започнат.

  • Готовинската исплата се врши наредниот ден после завршување на последниот натпревар од талонот, а најдоцна во рок од 60 (шеесет) дена. Доколку играчот не е дојден за исплата во одредениот рок од 60 (шеесет) дена ќе се смета дека се откажал од исплатата и обложувалницата го задржува правото исплатата да не ја врши по определениот рок. Доколку на примерокот од талонот што се наоѓа кај играчот, при исплатата се забележи дека тој не одговара на оригиналот (кој се наоѓа во обложувалницата), дека не е регуларен (дополнително допишувани шифри, типови или други игри, или преправање на постоечките). Талонот ќе се смета за неважечки и нема да биде извршена исплатата.

  • Запознавање на учесниците во игра со правила на играта, се врши преку јавно поставување на истите на огласна табла во обложувалницата со сите правила и информации, и преку билтен кој го издава обложувалницата за секое коло.

  • Добитна комбинација е онаа комбинација која нема ниту еден промашен тип или е задоволен условот за број на погодени натпревари.

  • Во случај на грешка од страна на организаторот врзана за коефициентите, времето или местото на одигрување на натпреварот или слично, организаторот го задржѕва правото тој натпревар да го прогласи за неважечки, и за тој натпревар се пресметува коефициент 1.00 (еден) за сите игри. Доколку се утврди дека некој натпревар започнал порано од најавениот термин, ана талонот е ставен после започнување на натпреварот, за тој натпревар се пресметува коефициент 1.00 (еден) за сите игри.

  • Организаторот има право да ги измени коефициентите објавени во билтенот кој тој го издава. За играчите се важечки коефициентите во моментот на уплатата.

  • Играчите со уплатата потврдуваат дека ги прифатиле правилата на игра пропишани од страна на организаторот.

  • Овие правила се донесени врз основа на член 28 и член 30 од Законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и забавни игри и ќе бидат истакнати на видно место, на место за уплата на организаторот за погодување на резулатите на спортските натпревари. На тој начин ќе се смета дека секој учесник во погодувањето на резултатите е запознаен со овие правила и дека ги прифаќа без резерва.

  • Во случај на било каков спор помеѓу учесниците и организаторот на обложувањето, што не ќе може да се реши со меѓусебна спогодба ќе биде надлежен Основниот Суд во Кичево.


Правила по спортови


  1. ФУДБАЛ, КОШАРКА, РАКОМЕТ, ВАТЕРПОЛО, ХОКЕЈ, ОДБОЈКА И РАГБИ

    Во случај на одложување на некој натпревар и негово не одигрување до крајот на колото се пресметува коефициент 1.
    Доколку се прекине некој натпревар од било кои причини без разлика на моменталниот резултат или времето изиграно од истиот, негово недоигрување или одигрување на нов натпревар до крајот на колото се пресметува коефициент 1 и важи за сите видови на игри за тој натпревар.

  2. ТЕНИС

    Во случај на предавање на натпреварот на еден од тенисерите се пресметува коефициент 1 и важи за сите видови на игри, без разлика дали натпреварот е започнат или не.
    Доколку еден натпревар се одложи или прекине се чека исходот од тој меч, без разлика дали истиот е одигран во или надвор од рамките на тековното коло.

  3. БЕЗБОЛ

    Доколку некој натпревар се одложи или прекине се пресметува со коефициент 1 за тој ден. За конечен тип и вкупно поени важат и евентуалните продолжетоци.

  4. ФОРМУЛА 1

    Победникот на трката и победник на натпреварот е оној кој прв ја завршил целата трка. Дополнителните одлуки немаат значење на крајниот исход на обложувањето.
    Доколку натпреварувачот не се квалификува за трката за тој натпревар типовите се сметаат за промашени. Доколку натпреварувачот се откаже од трката за пол позиција сите типови се неважечки и се пресметува коефициент 1.
    Доколку натпреварувачот не успее да стартува во трката се смета дека го изгубил дуелот, освен ако неговиот противник не се квалификувал за трката.
    Доколку еден или двајца натпреварувачи се откажат од трката победник е оној кој подолго ќе остане во трката.


Правила за обложување во живо


  • Дневната понуда за Обложување во живо излегува на ТВ-приемникот кој е поврзан со системот за обложување во живо и на него јасно е наведена шифрата на натпреварите и коефициентите за обложување на истите.

  • Натпреварите што се дел од моменталната понуда можат да се играат сингл или да се врзуваат меѓу себе без никакви дополнителни услови, при што за секој натпревар може да има само еден тип.

  • Во понудата за Обложување во живо моментално застапени спортови се: Фудбал и Тенис. Коефициентите при уплата, можат да се променат до моментот на печатење на тикетот. Во тој случај валиден е коефициентот испишан на тикетот.

  • Тикетите уплатени во Обложување во живо не можат да се сторнираат. Се молат играчите јасно да кажат на кој натпревар и на кој тип сакаат да се обложат и експлицитно да ја наведат сумата за уплата. Дополнителни рекламации не се прифаќаат.

  • Организаторот на Обложувањето во живо го задржува правото да прави корекции на коефициентите, да блокира одреден натпревар од можност за обложување или комплетно да го исфрли од понудата, или повторно да го врати без при тоа да сноси одговорност.

  • Исплатата на добитните тикети се врши веднаш по обработката на податоците од натпреварите, исплатата се врши на местото каде што тикетот е уплатен. За да се изврши исплата играчот е должен да го даде на увид добитниот тикет со јасно изразен број на тикет, сериски број и контролен код за исплата.

  • Во случај на прекинат, предаден, не одигран натпревар или натпревар за кој организаторот нема да биде во можност да обезбеди официјален резултат, натпреварот ќе биде пресметан со коефициент "1", наредниот работен ден.

  • Во случај на грешка на персоналот при прием на уплата , постоење на докази за неспортска игра, отстапки од постоечките Правила за прием на уплата, но и во некои други случаи кои што укажуваат на неисправност на уплатата, обложувалницата си дава за право таквите уплати да ги прогласи за неважечки. Исплатата за тие уплати се врши со коефициент "1".



© Evrotip 2015-2019