Алушовски: Мора да бидеме многу подобри за да го изненадиме Флензбург

Ракометарите на Вардар по подолга пауза и два одложени меча, денес им се враќаат на европските предизвици. Во Скопје гостува германски Флензбург во нов меч од Лигата на шампионите.
Тренерот на „црвено-црните“, Стефче Алушовски, пред мечот вели:
„Месец дена немаме одиграно меч и секако Флензбург е во предност на овој натпревар, бидејќи е во натпреварувачки ритам. Ние месец дена само тренираме, одигравме два пријателски натпревари, но она што очекувам е машка борбена игра од нашата страна, добро ги анализиравме, не сме без шанси, без разлика што го победија ПСЖ на гостински терен и не знаат за пораз до сега. Играме на домашен терен, ќе се обидеме да излеземе како победници од оваа средба.
Средбата меѓу Вардар и Флензбург почнува денес во 20:45 часот.