Борини на прагот да го засили Свонси

Фабио Борини доби понуда која најверојатно нема да ја одбие. Поранешниот фудбалер на Ливерпул Фабио Борини е без клуб откако му заврши соработката со Верона на крајот на претходната сезона и со изборот на новиот клуб не брзаше. Борини во новата сезона изгледа ќе игра за Свонси преговорите се во тек и наскоро би требало да биде објавено. Ова би било враќање на Борини во Свонси каде што играше во 2011 година кога го доведе Брендан Роџерс од Челзи на позајмица.