Ботас најбрз на тренингот во Нирбургинг

Патеката Нирбургринг се враќа во Ф1 шампионатот, а на оваа патека се одржаа квалификациите за утрешната трка. Ништо ново околу доминацијата на Мерцдесе, само што сега си ги сменија улогите и позициите Ботас и Хамилтон. Валтери Ботас беше најбрз на денешните квалификации и утре ќе ја има пол позицијата, додека веднаш до него ќе боде Луис хамилотн. Финецот извозе со време 1:25.269 и дојде до 14. пол-позиција во кариерата, пред клупскиот колега Луис Хамилтон, додека третата позиција му припадна на Макс Верстапен кој се бореше, ама не успеa да биде побрз од возачите на Мерцедес, додека четвртопласиран возачот на Ферари, Чарлс Леклер. Денешната трка за ГН на Ајфел започнува од 14:10 часот.