Евролигата нема да регистрира службени победи заради ковид- кризата

Главното тело на Евролигата и Еврокупот одлучи да направи модификација во членот 6 од Дисциплинскиот правилник, и наместо мерката „службен резултат“ да се воведе нова – да се пронајде термин за одигрување на одложените натпревари, или пак сите тие натпревари да се водат како суспендирани.
Исто така, шестте мечеви кои се веќе откажани, нема да бидат регистрирани со резултат 20-0 и ќе бидат префрлени во некој друг термин за одигрување.
Одлуката доаѓа по притисокот од јавноста поради регистрирањето со службен резултат на двата неодиграни меча на Зенит, а истото го очекуваше и тимот на Асвел.