Евротип предлог тикет – Сабота 17.10.2020

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 43 коефициент:

Наполи – Аталанта ГГ, 3+

 

Натпревар на две екипи кои негуваат офанзивен фудбал. Можеби мала предност имаат гостите заради ковид-проблемите на Наполи, но по доаѓањето на Гатузо оваа екипа доби вистинска димензија. Тешко е да се погоди победникот, но одлична опција е игра на голем број голови.

 

Херта – Штутгарт 1-1

 

Иако нема да настапи засилувањето Гендузи заради позитивен ковид- тест, сепак Херта е многу квалитетен тим и тоа добро се видеа на гостувањето против Баерн пред две недели. Штутгарт е променлив тим кој има подобар напад, отколку одбрана и со тоа ќе се обиде да се надигрува со домаќинот.

 

Селта Виго – Атлетико Мадрид 2

 

Иако тешко победува на гостински терен, Атлетико овој викенд игра против еден од најскромните по квалитет и играчки кадар тимови во Примера. Можеби имаа многу интернационалци, но мадриѓани се јасни фаворити за трите бода.

 

Олимпијакос – Атромитос 1, 3+

 

Првакот на Грција е голем фаворит и подготовката за новата сезона во Лига на шампиони треба да ја почне со лесна и убедлива домашна победа.

 

Брага – Национал 1, 3+

 

Видно засилената Брага ја бара својата игра на почетокот од Примеира. Национал е идеален противник за јакнење на самодовербата преку убедлива победа и три бода.