Закажан боксерски спектакл, Џошуа ќе ја брани титулата!

Британскиот боксер Ентони Џошуа ќе ја брани титулата светски шампион во тешка категорија против бугаринот Кубрат Пулев на 12. декември во Лондон.
Веста за закажаниот меч ја објави токму Пулев на својата веб страница.
Борбата требаше да се одржи на 20. јуни во главниот град на Англија, но беше одложена поради пандемијата на коронавирусот.
„Официјално е, Пулев против Џошуа на 12. декември во Лондон. Датумот и местото на одржување се конечни. Нема враќање, нема одложување, нема ново закажување. Нека победи подобриот!“ – се вели на сајтот на бугарскиот боксер.
Во соопштението не е наведено дали се планира присуство на публика, поради мерките за заштита од коронавирусот.
Се шпекулира дека промотерот на британскиот шампион, Еди Херн има желба мечот да се одржи на Блискиот исто, доколку таму биде дозволено присуство на публика.
Џошуа во декември во Саудиска Арабија го победи Енди Руиз во финалето за титула.
Пулев веќе три години чека на меч против Џошуа, откако во октомври 2017. година се повлече поради повреда на рамото.