Кирјиос: Нема да играм тенис пред празни трибини!

Организаторите на Гренд-слем турнири имаат големи проблеми со пронаоѓање термини за одржување на турнири до крајот на сезоната. Играњето без присуство на публика е опција која веројатно ќе биде реализирана. Контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјиос изјави дека не сака да игра во највисока категорија под затворени врати. Организаторите на Австралија опен открија дека разговараат за сите можни опции, вклучително и можноста само за телевизиско емитување на настанот. „Категорички НЕ. Нема да играм без гледачи“, рече Кирјиос во разговор со својот сонародник, Танаси Кокинакис. Кирјиос минатата година беше ставен на условна казна од АТП за неговото однесување на теренот, беше херој на Австралија во почетокот на оваа сезона, откако и помогна на својата земја да се бори против уништувачките пожари.

Турнирот во Мелбурн, кој традиционално се игра во јануари, досега е единствениот турнир од Големата четворка што не е засегнат од вирусот во 2020 година.