Легендата на Сити ја заврши кариерата

Поранешниот аргентински репрезентативец, 35-годишниот Пабло Забалета одлучи да стави крај на богатата 18-годишна професионална кариера. Откако минатата сезона ја помина во Вест Хем, Забалета беше на прагот на трансфер во шпанскиот второлигаш Еспањол, но тој договор пропадна, а аргентинецот се одлучи да замине во фудбалска пензија. Забалета поголемиот дел од кариерата го помина како играч на Манчестер Сити, дури девет години и 333 натпревари, а заедно со Винсент Компани беа стоперскиот тандем кој освои две титули во Премиерлигата, две титули во Лига купот и една во ФА Купот. Исто така, Забалета настапуваше и за репрезентацијата на Аргентина , собра 58 настапи во дресот со државниот грб, а последниот натпревар го одигра во 2016. година.