„Лејвер Купот“ одложен за 2021 година

Тенискиот календар претрпе многу промени оваа сезона, а ако продолжи пандемијата на ковид-19, голем дел и од турнирите во вториот дел на сезоната се неизвесни. Четвртото издание на тенискиот Лејвер Куп, кое требаше да се оддржи од 25 до 27 септември е одложено за следната година, поради „судирот“ во календарот со презакажаниот Ролан Гарос. „За жал, Купот ќе биде одложен оваа година, но во овој момент, тоа е
најдоброто за сите. Иако е разочарувачки, одлична вест е што „ТД гарден“ е достапен за 2021 година и конечно првпат ќе играм во Бостон“, вели Федерер. Турнирот сега доби нов термин – 24-26 септември 2021 година во „ТД Гарден“ во Бостон.