Нетси по титула со дресовите на Дражен Петровиќ! (видео)

Бруклин Нетси наредната сезона ќе бидат еден од главните кандидати за титула во НБА лигата со опоравениот Кевин Дурант, Кајри Ирвинг и новиот тренер Стив Неш. Во таа сезона, Нетси ќе носат дресови инспирирани од оние во кои во НБА лигата се прослави Дражен Петровиќ, додека франшизата се уште беше лоцирана во Њу Џерси.
„Возбуден сум што ќе им оддадеме почит на легендите на Нетси, кои тука играа пред мене. Некогаш бев навивач, сега сум дел од клубот. Кога ќе се сетам на Дражен Петровиќ, Кени Андерсон, па легенди како Винс Картер, Џулиус Ервинг… а сега имаме и класични дресови со кои ќе им оддадеме почит токму нив, за тоа сум благодарен.“ – изјави Ирвинг, кој пораснал во Њу Џерси.
Вакви дресови Нетси носеа во сезоната 1990/91, односно пред 30 години, во сезоната во која Дражен Петровиќ во трејд пристигна од Портланд. Веќе наредната сезона истите беа модифицирани.