Одлични вести од Џенова, 10 оздравени!

Откако беа „осакатени“ од коронавирусот, фудбалерите на Џенова полека се враќаат во нормала. Марко Пјаца и Лука Пелегрини целосно се опоравија од коронавирусот, па сега ситуацијата е таква што се опоравиле 10 од 17 фудбалери кои имаа коронавирус. Матија Мерин, Федерико Маркети, Иван Радовановиќ, Давиде Бираши, Валон Бехрами, Ласе Шоне, Миха Зајц и Филипо Мелегони досега се опоравија од коронавирусот. Поголемиот број од нив имаа позитивни тестови по поразот од Наполи со 6:0.