Од Халанд започнува вистински „трансфер ролеркоустер“

Ерлинг Халанд, кој е еден од најдобрите млади фудбалери на светот, би можел да започне вистински „домино ефект“ на врвот на светскиот фудбал. Дон Балон веќе претходно информираше за замислата на Манчестер Сити да го доведе норвежанецот, чиј таатко претходно беше фудбалер на „граѓаните“, вистинско прашање е колку тие наводи се точно, но не е спорно дека Сити е во потрага само по најдобрите. Така се поставува и голема дилема, што ќе биде со Кун Агуеро? Одговорот би можел да пристигне од Италија, каде медиумите пренесуваат за големиот интерес на Интер за аргентинецот, кој наредното лето ќе биде слободен играч по истекот на договорот со клубот од Манчестер. Марота веќе има идеја, договор на две сезони со годишна заработка помеѓу седум и осум милиони евра, со можност соработката да биде продолжена. Агуеро со тоа би добил одлични услови да игра врвен фудбал и со 33 години, но тоа тешко дека ќе се случи во тандем со неговиот сонародник Лаутаро Мартинез. За него постои интерес од Манчестер Јунајтед, Париз Сен Жермен, но и од Барселона, каде Мартинез се шпекулираше дека ќе направи трансфер уште ова лето.