Озил добива плата во Арсенал за да не биде во тимот

Месут Озил нема фудбалска иднина во Арсенал, но Германецот нема проблем да биде надвор од тимот и да зема голема неделна плата.
Војна меѓу Озил и Арсенал, поранешниот репрезентативец на Германија не сакаше да замине од редовите на „топџиите“, тој е еден од најскапо платените играчи а нема настап од март годинава.
Поранешниот напаѓач на Арсенал, Кевин Кембл изјави дека Озил никогаш нема да го облече дресот на „топџиите“, несогласувањата се толку големи што клубот ќе плаќа само да не го гледа во тимот.
Платата на Озил на неделно ниво изнесува 350.000 фунти, тој е еден од најдобро платените играчи во клубот, има 31 година, нема настап за Арсенал од 7 март годинава.