Официјално е откажан Мастерс турнирот во Индијан Велс!

Тенискиот Мастерс во Индијан Велс е откажан поради коронавирусот, соопштија пред малку организаторите на турнирот. Турнирот во Калифорнија требаше да започне овој четврток, но поради ширењето на коронавирусот, тој нема да се одржи.

Титулите од минатата сезона на овој турнир ги освоија Доменик Тием во машка и Бјанка Андрееску во женска конкуренција.