Поранешен НБА шампион на клупата на Клиперси

Како што можеше и да се претпостави, Тајрон Лу е нов тренер на Лос Анџелес Клиперс. Поранешниот НБА шампион со Кливленд, минатото лето се приклучи на стручниот штаб на Док Риверс во Лос Анџелес, имаше бројни понуди и самиот да предводи екипи, но трпеливо чекаше на вистинската понуда. По поразот од Денвер во полуфиналето, иако Клиперси имаа водство од 3:1 во серијата, Риверс ја раскина соработката со клубот, веднаш пронајде ангажман во Филаделфија, а не требаше да помине долго време и да добие наследник на клупата на тимот од Лос Анџелес. Лу пред четири години доби прилика да го води Кливленд, веќе во првата сезона ја освои титулата, но во наредните две сезони доживеа порази во финалето од Голден Стејт. Го напушти Кливленд во 2018. година, исто како и Леброн.