Роси почувствува болка во коските, позитивен е на коронавирус

Валентино Роси е позитивен на коронавирус и нема да вози на трката за Големата награда на Арагон во Шпанија. Роси девет пати беше светски шампион во мотоциклизам, а вози за екипата на Петронас Јамаха. Во Арагон ќе се возат две трки, а засега е сигурно дека Роси нема да биде дел од првата, додека настапот на втората трка е се уште неизвесен. „За жал, утрината не се чувствував добро. Имав болки во коските и блага главоболка. Веднаш го повикав докторот кој два пати ме тестирање. Брзиот ПЦР тест беше негативен, како и тестот кој го направив во вторникот. Но, вториот тест, за кој резултатите ги добив во текот на денот, за жал беше позитивен.“ – објави Роси.