Свјонтек сензационално го освои Ролан Гарос

19-годишната тенисерка од Полска, Ига Свјонтек, дојде до првиот пехар во кариерата и тоа на еден од четирите најголеми турнири. Таа славеше во Париз на Роланд Гарос откако со 2:0 во сетови 6-4 и 6-1 да ја совлада Софија Кенин (САД). За овој триумф таа ќе добие 2.000 поени, премија од 1.600.00 евра, како и скок од 35 места односно од понеделник ќе биде 19 тенисерка на ВТА ранг-листата. Финалето во машка конкуренција меѓу Новак Ѓоковиќ и бранителот на пехарот, Рафаел Надал, ќе биде одиграно денес од 15.00 часот.