Се врати Јосип Иличиќ, ја победи депресијата

Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини потврди дека Јосип Иличиќ ќе биде во составот за гостувањето кај Наполи. „Јосип ќе патува со нас, но се уште не знам дали ќе започне од првата минута или од клупата. За нас тоа се одлични вести. Иличиќ не беше повреден да му треба долго време за опоравување, ниту пак заборавил да игра фудбал.“ – вели Гасперини. Сјајниот словенечки фудбалер кон крајот на јули од клубот доби дозвола да замине дома, како што беше објавено, заради лични причини. На крајот, беше објавено дека Иличиќ има психички проблеми и пати од депресија предизвикан од страшните сцени на кои беше сведок во Бергамо за време на пандемијата. Словенецот наводно тешко се носеше со големиот број на починати и заразени. Тој се врати во Словенија како би се опоравил, а од клубот доби време колку што му е потребно. Но, се чини дека Иличиќ се чувствува многу подобро и ќе биде големо засилување за Аталанта.