Се сеќавате на Фреди Аду? Нема да верувате каде ќе настапува!

Фреди Аду, легендата од играта „Фудбал менаџер“, човекот за кого се говореше дека е „новиот Пеле“ и дека ќе биде најдобар на светот, повторно ќе игра фудбал.
Откако паузираше скоро две години, работејќи како фудбалски тренер во Мериленд, сега се реши да се врати во Европа.
Ќе настапува за Остерлен, шведски третолигаш, екипа која сезонава успеа од четвртиот ранг да се пласира во третата лига.
Време е повторно да се потсетиме на неговата кариера, по ДЦ Јунајтед, од каде беше и купуван на „Фудбал менаџер“, премина во Реал Солт Лејк, а потоа го купи Бенфика.
Следеа Монако, Белененсес, Арис, Ризеспор, Филаделфија, Бахиа, Јагодина, Купс, КуФу-98, Тампа Беј и Лас Вегас.
За репрезентацијата на САД одигра 17 натпревари и постигна два погодоци.