Татабања побара одложување на натпреварот против Еурофарм Пелистер

Унгарскиот ракометен состав Татабања кој има повеќе од 10 заболени од корона-вирусот, па побара да биде одложен мечот со нашиот Еурофарм Пелистер на стартот на сезоната во Лигата на Европа.
Првото коло е закажано за 20 октомври а Унгарците треба да гостуваат во Битола. Сега информациите велат дека луѓето од Татабања испратиле допис до ЕХФ да се одложи натпреварот.
Поради актуелната ситуација во клубот, Татабања нема да одигра и два меча во домашното првенство.