Татабања преполна со ковид-позитивни, натпреварот со Еурофарм Пелистер пред одложување

Иако беше најавено дека на 20 октомври ќе стартува Лигата на Европа во ракомет, а Еурофарм Пелистер ќе ја пречека во Битола унгарска Татабања, сепак, мечот ќе мора да биде одложен.
Екипата на Татабања има дури 15 позитивни ракометари заразени со коронавирус и нема да допатува во Битола за натпреварот од првото коло. Европската ракометна федерација се уште нема официјална потврда на одложување на дуелот, но од унгарскиот клуб испратиле писмо до ЕХФ со таква намера и барање.