Федерер не се откажува, еве кога се враќа на теренот!

Се уште водечкиот по бројот на титули на грен слем турнирите, швајцарецот Роџер Федерер не настапува уште од Австралија Опен, кога доживеа повреда на коленото, па мораше да биде подложен и на хируршки зафат.
Опоравувањето се уште трае, но иако Федерер има веќе 39 години, тој најавува враќање на терените веќе на почетокот на наредната сезона.
„На вистинскиот пат сум, постепено се враќам без никаков притисок, одам пополека и не форсирам ништо. Ќе започнам повторно да играм на турнири кога ќе бидам 100 отсто подготвен, а во моментот тоа се чини дека ќе биде на Австралија опен. Не можам да тренирам подолго од два часа со рекет во овој момент, но работев на својата кондиција без болки веќе некое време. Нема да има повеќе операции.“ – изјави Федерер.