Шпанските медиуми за Надал: Ти си најдобриот кој сме го виделе!

Шпанецот Рафаел Надал во Париз по чудесен 13. пат ја освои титулата на гренд слем турнирот Роланд Гарос. Надал во финалето повеќе од убедливо славеше против првиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ со резултат 6:0, 6:2 и 7:5. Со оваа титула, Надал се израмни на првото место на вечната листа со Роџер Федерер по бројот на освоени гренд слем турнири. И двајцата сега имаат по 20 титули, додека Новак има 17. Насловните страни на шпанските медиуми денеска очекувано ги краси Надал. Највпечатлива беше онаа на Марка, на која Надал на колена ја слави титулата. Од неговата десна страна, марка се потсети на сите претходни 12 насловни страни од деновите кога Надал ги освојуваше неговите титули на Роланд Гарос со порака: „Ти си најголемиот кој сме го гледале!“