Ѓоковиќ нема да ја брани титулата Австралија Опен?!

Постои можност Новак Ѓоковиќ наредната година да не ја брани титулата на Австралија Опен.
Во Австралија беше објавено дека властите забранија влез на странци во земјата и напуштање на континентот на своите државјани се до 2022. година поради пандемијата на коронавирусот.
Секако, тоа би го оневозможило доаѓањето на странските спортисти на натпреварувањата на тлото на Австралија, па и самиот турнир е под голем знак прашалник.
Одлуката може да биде променета во меѓувреме, но се зависи од ситуацијата која во таа земја не е баш сјајна.
Вториот бран на пандемијата ги натера надлежните на воведување на полициски час преку ноќта и затворање на пет милиони жители.
Отвореното првенство на Австралија треба да се одржи од 18. до 31. јануари 2021. година.