Јунајтед ја активираше клаузулата на Погба!

Пол Погба е тивок околу својот договор, дури и изјави дека никој ништо не му понудил досега, иако од Мадрид пристигнуваат вести дека Погба се надева без причина и дека Камавинга и Ауар се метите за наредното лето. Французинот има опција да го продолжи договорот или да чека на Јувентус, но наводно и тој трансфер пропадна поради пандемијата, Јувентус ги нема потребните финансии. Тие уште минатата зима преговараа со Рајола за трансфер, беа спремни да понудат пари и играчи за размена, но се пропадна со коронавирусот. Јувентус не може на Погба да му ја понуди платата која тој ја има во Јунајтед, околу 16 милиони евра по сезона. Јунајтед еднострано ќе ја активира неговата клаузула, во тоа веќе нема сомнежи, извори од клубот потврдија дека клубот има опција да го продолжи договорот на уште една година и тие секако нема да дозволат тој да замине како слободен играч идното лето. Од друга страна, Јунајтед не е загрижен бидејќи имаат информации дека никој не може да си го дозволи Погба ниту наредното лето и дека играчот нема други опции, освен да го продолжи договорот.