Арсенал веројатна дестинација за Виктор Ѓокереш

Разочарувачката форма на Арсенал му овозможи на Ливерпул да ја освој титулата во Премиер Лигата, а расположението ќе биде мрачно во лондонскиот клуб доколку не успеат да ја освојат и Лигата на Шампиони. 
 
Навивачите очекуваат скапо лето. Веројатно е главен приоритет на новиот спортски директор Андреа Берта да биде напаѓач со висок квалитет. Арсенал беше поврзан со играчи како Александер Исак, Бенџамин Шешко и Хуго Екитике, но се вели дека Ѓокереш од Спортинг е приоритетна цел на директорот. 

Новинарот Флоријан Плетенберг потврди на социјалните мрежи дека Берта се труди да го купи швеѓанецот ова лето, додавајќи дека Баерн Минхен се повлече од трката поради финансиски проблеми. Се очекува швеѓанецот да го напушти Спортинг за некаде помеѓу 60 и 70 милиони евра ова лето. 
 
Иако Баерн е надвор од трката, головите и асистенциите на Ѓокереш во португалската лига и Лигата на Шампиони го имаат привлечено вниманието и на други европски гиганти кои ќе се борат за да го добијат 26-годишниот напаѓач. 
 
Имаше многу фактори кои ја предизвикаа слабата форма на Арсенал во англиската лига оваа сезона, вклучувајќи ги и повредите, но исто така постои чувство дека на Топџиите едноставно им треба супериорен талент во нападот. На Ѓокереш можеби му недостига искуство, но сигурно може да понуди голови, со оглед на фактот дека има постигнато 96 голови во 99 настапи за Спортинг.