Астон Вила ја одби понудата на Евертон за Мекгин

Астон Вила уште еднаш стави до знаење дека нема намера да го продаде капитенот Џон Мекгин. Евертон понуди 18 милиони фунти за 30-годишниот шкотски репрезентативец од средниот ред, но клубот од Бирмингем го одби.
Мекгин е исто така мета на Њукасл, но „страчките“ сè уште не испратиле понуда.
Договорот на играчот од средниот ред со Вила е со важност до јуни 2027 година. На 49 натпревари минатата сезона во сите натпреварувања, тој постигна 4 гола и имаше 6 асистенции.