Барса го враќа Кансело во Европа

Барселона има намера да ја засили својата одбрана во зимскиот преоден рок. Клубот притиснат од финансиката криза, мора да бара алтернативни и пред се ефтини решенија.

Шпанските медиуми објавија дека „блауграна“ се заинтересирани за Португалецот Жоао Кансело (31), кој игра за саудискиот Ал Хилал од летото 2024 година.

Кансело би сакал да се врати во Европа, бидејќи сезонава не е во преден план кај тренерот на Ал Хилал, Симоне Инзаги. Оваа сезона, тој одигра само шест настапи, па затоа неговиот статус во португалската репрезентација е под знак прашалник, односно дали ќе биде на списокот на играчи за СП 2026.

Пристигнувањето на „Камп Ноу“, би значело враќање во добро позната средина, бидејќи во сезоната 2023/24 беше на позајмица во Барселона. Во својот мандат, Кансело одигра 42 натпревари, постигна четири гола и пет асистенции.

Кансело остави најдлабока трага во дресот на Манчестер Сити, каде што запиша девет гола и 22 асистенции во 154 натпревари. Играше и за Валенсија, Интер, Јувентус и Баерн. Во дресот на португалската репрезентација постигна 12 гола на 64 натпревари.