Барселона пред тешки одлуки: ќе го продаде ли Фермин Лопез?

Младиот фудбалер од Ла Масија, Фермин Лопез, станува мета на големите европски клубови. Иако неодамна го продолжи договорот до 2029 година со импресивна клаузула од 500 милиони евра, финансиските предизвици ги тераат Каталонците да бидат поподготвени за преговори. 

Баерн Минхен веќе се информираше за Лопез, а Ливерпул го следи внимателно, додека Челси и некои клубови од Саудиска Арабија исто така покажуваат интерес. Сепак, Лопез засега сака да остане и да продолжи да се развива во Барселона. 

Доаѓањето на Нико Вилијамс дополнително го засилува натпреварувањето за место во средниот ред, а финансиските ограничувања ги тераат каталонците да размислат за потенцијалното заминување на Лопез. 

За сега, Лопез е посветен на Барселона и нејзините амбиции, но во следните недели ќе биде познато дали ќе остане или ќе преземе нов предизвик во некој од водечките европски клубови.