Вардар ги продолжи договорите со Матиќ и Јанкулов

Додека е на подготовки во Турција, есенскиот шампион во Првата македонска фудбалска лига, Вардар, ги продолжува договорите со играчите на кои ќе смета во наредниот период.
Од Вардар објавија дека ги продолжиле договорите со двајца првотимци. Во вардаровото семејство остануваат Георгие Јанкулов и Мислав Матиќ. Двајцата се согласија на нови договори кои сега ќе имаат важност до јули 2028 година.
26-годишниот Матиќ во Вардар пристигна пред точно една година, а во својата кариера има настапувано за Рудеж, Шибеник, Локомотива Загреб од Хрватска, како и Минај од Украина.
Една година во дресот на Вардар помина и десниот бек Јанкулов, кој дојде од Брера, а претходно има настапи за Силекс и Борец од Македонија, како и за младинската школа на Црвена Звезда и за тимот на Железничар од Панчево.
Вардар моментално ги реализира своите подготовки во Анталија, Турција, каде што ќе одигра неколку пријателски натпревари.