Вардар замина на тринеделни припреми во Турција

Фудбалерите на есенскиот шампион Вардар утрово заминаа за Турција каде во Сиде ќе спроведат тринеделни подготовки пред почетокот на пролетниот дел од сезоната.
„Црвено-црните“ одработија дел од подготовките во Скопје, па сега се на пат во потопли краишта каде ќе имаат добри услови за работа, а веќе ги закажаа и првите контролни натпревари.
Според планот, првите тестови се веќе закажани. За четири дена Вардар ќе тестира со чешки Јаблонец, а потоа доаѓаат и дуелите со Андијон (Узбекистан), Мотор Љубин од Полска, Махачкала (Русија), Ахмат Грозни (Русија) и Алашкерт (Ерменија).