Верстапен е возач на годината во Формула 1 спортот

Холанѓанецот, Макс Ферстапен е прогласен за возач на годината во Формула 1, и покрај тоа што не го освои светското првенство. Ова беше осмо издание на изборот за возач на годината во кој гласаа возачите, а Ферстапен славеше петта година по ред.

Поените беа доделени врз основа на тековниот систем на бодови во Ф1, при што најдобриот возач на секоја листа освои 25 поени, а возачот на 10-то место освои еден поен.

Пилотот на Ред Бул победи пред светскиот шампион Ландо Норис во Мекларен, додека Џорџ Расел од Мерцедес беше трет.

За прв пат од почетокот на анкетата во 2018 година, Британецот Луис Хамилтон (Ферари) не успеа да влезе меѓу првите десет.

Во изборот учествуваа 16 возачи, додека Хамилтон, Нико Хулкенберг, Ленс Строл и Јуки Цунода не гласаа.