Дибу Мартинез се прости со фановите, летово заминува од Астон Вила

Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, се чини дека го напушта клубот. Вчера, екипата од Бирмингем го одигра својот последен домашен натпревар оваа сезона, во кој го победи Тотенхем со 2-0 на „Вила парк“.

По последниот свиреж, аргентинскиот голман на Астон Вила го напушти теренот со солзи во очите. Тој долго време ги поздравуваше навивачите кои му возвратија со неколку минутно аплаудирање.

Многумина ги протолкуваа постапките на Мартинез како збогување со навивачите на Астон Вила.

Пред неколку недели стана јасно дека за голманот на Астон Вила има интерес од клубови во Саудиска Арабија. Се чини дека светскиот шампион со Аргентина ќе ја продолжи кариерата таму.