Дресот на Дончиќ во Лејкерси напродаван сезонава во НБА лигата

Објавен е податокот за продажба на дресови во НБА сезонава, по 11 години најпродавани дресови не се оние на Леброн Џејмс и Стивен Кари. Годинава за прв пат најпродаван е дресот на словенечката ѕвезда Лука Дончиќ.
На Дончиќ веројатно му помогна тоа што среде сезоната го смени клубот, па најпрвин неговите дресови ги купуваа навивачите на Далас Маверикс, а потоа и на Лос Анџелес Лејкерс.
Од 2014 година, Леброн и Кари редовно ги имаат најпродаваните дресови. Во тој период дресот на Леброн седум пати бил најпродаван, а на Кари четири пати.
Според достапните податоци, Леброн го имаше најпродаваниот дрес во 2011 година, додека во 2012 година најпродаван беше дресот на Дерик Роуз, а во 2013 година дресот на Кармело Ентони.
Иако не се на првото место, Кари и Леброн останаа на врвот и го заземаат второто, односно третото место. Џејсон Тејтум од Бостон Селтикс и Џејлен Брунсон од Њујорк Никс се меѓу првите пет продавачи.