Египќанецот Калид Валид спогодбено раскина со Еурофарм Пелистер

Египќанецот Калид Валид спогодбено раскина со Еурофарм Пелистер
Актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер спогодбено го раскина договорот со египетскиот ракометар Мохамед Калид Валид.
„Двете страни беа согласни за промена и затоа оваа операција брзо е завршена“, соопшти попладнево битолскиот клуб.
Валид во дресот на Еурофарм Пелистер го освои Суперкупот на Македонија, а имаше и забележителни настапи во Лигата на шампиони.
Дваесетишестгодишниот кружен напаѓач на египетската репрезентација дојде во Еурофарм Пелистер пред стартот на сезоната, кога потпиша едногодишен договор.