Издаден налог за апсење на Даглас Коста

Даглас Коста се соочува со сериозни правни проблеми, откако судот во Порто Алегре издал налог за негово апсење поради неплаќање алиментација во висина од половина милион реали (околу 78 илјади евра), пренесува Газета дело Спорт.

Слични непријатности го следеа и пред две години, во времето кога играше за Лос Анџелес Галакси во МЛС, кога беше осуден на 30 дена затвор.

Се чини дека потеклото на тековната наредба за апсење датира од тоа време и останува во сила до крајот на 2025 година, што и дозволува на полицијата и судските органи да го приведат во секое време.

Притоа, неговите неволји не завршуваат тука. Австралискиот клуб Сиднеј ФК, со кој потпиша договор минатата година, објави дека биле принудени да го раскинат договорот со него.