Иско се повреди, го чека пауза од три месеци

Фудбалерот на Бетис, искусниот шпански репрезентативец Иско ќе отсуствува од терените околу три месеци поради повреда.

Во саботата, Бетис загуби од Малага во тес меч со 1-3, а играчот од средниот ред претрпе силен удар во левата нога, по што го напушти стадионот на патерици и со нога во лонгета.

Во официјалниот медицински извештај на Бетис е наведено дека 34-годишниот играч имал „нова фрактура без поместување на средната третина од левата фибула“.

„Ова е нова повреда, не е поврзана со претходната, која веќе е залечена. Фудбалерот ќе биде подложен на конзервативен третман во наредните недели, а неговото враќање ќе зависи од напредокот на третманот“, се вели во соопштението на Бетис.