Ковач ќе почека на дефанзивецот, Шлотербек не е спремен по повредата

Дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек сè уште не е подготвен да се врати на теренот и ќе му треба повеќе време за да се опорави од повредата на коленото што го мачи, изјави тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач.
Шлотербек го скина менискусот во април и беше опериран. Тој беше забележан на тренинг на Борусија во последните денови, но според Ковач, тој сè уште не е подготвен да игра.
„Нико се враќа по пет месеци отсуство. Неговиот тренинг е сè уште доста лесен. Тој е клучен играч и за нас и за германската репрезентација. Но, пред сè, треба да биде здрав, да тренира и да почне да игра за Борусија. Во моментов не е подготвен ниту да биде на клупата за претстојните натпревари“, рече Ковач.