Неизвесен настапот на Инаки Вилијамс против Ренџерс

Инаки Вилијамс би можел да го пропушти четвртфиналниот дуел на Атлетик Билбао во Лига Европа против Ренџерс, објавија шпанските медиуми во понеделникот. Баскискиот напаѓач има повреда на левата нога по натпреварот против Рајо Ваљекано во Ла Лига.

Денес или најдоцна утре ќе биде позната состојбата на 30-годишниот репрезентативец на Гана. Вилијамс беше принуден да биде заменет во 59. минута од Алваро Џало на натпреварот против Рајо Ваљекано.

„Имаше проблем и решивме дека мора да го напушти теренот. Немаше смисла да ризикуваме посериозна повреда“, изјави тренерот на баскискиот тим, Ернесто Валверде.

Првата средба помеѓу Ренџерс и Атлетик, одиграна во Шкотска минатиот четврток, заврши нерешено 0-0.