Оливие Жиру се враќа во Франција

Лил е на чекор до враќање на Оливие Жиру во Лига 1, повеќе од една деценија откако замина од Франција. Искусниот напаѓач, кој моментално игра за Лос Анџелес, се согласил на трансфер што ќе го врати назад во Европа на 38-годишна возраст. 

Преговорите меѓу двата клуба се во завршна фаза, а личните услови се веќе договорени. Се очекува Жиру да потпише договор до јуни 2026 година, со можност за продолжување уште една сезона. Францускиот клуб го гледа како идеален лидер за младиот тим, особено ако замине ѕвездата Џонатан Дејвид. 

По тивок период во МЛС — каде што постигна пет голови на 37 натпревари — Жиру сака да ја заврши кариерата на домашен терен. И покрај последните предизвици, поранешниот побеник на Светското Првенство останува најдобриот стрелец во историјата на француската репрезентација и носи огромно искуство од Арсенал, Челси и Милан. 

Ако не се случи ништо неочекувано, Жиру ќе го одигра својот последен натпревар во америка пред да отпатува во Франција за да го финализира трансферот. Официјалната објава се очекува веднаш по отворањето на летниот трансфер прозорец во јули.