Олимпијакос доминантно до уште една титула во Грција

Олимпијакос со победата од 1-0 над АЕК Атина го обезбеди трофејот во шампионатот на Грција. Решавачкиот гол на оваа средба го постигна Ајуб Ел Каби во 55. минута и на три кола пред крајот на сезоната Олимпијакос ја осигура титулата.
Оваа победа на Олимпијакос донесе разочарување во Динамо Загреб. Имено, овие клубови се бореа за директно место во Лигата на шампионите со Глазгов Ренџерс според европскиот коефициент. На таа „табела“ најдобро котираат Шкотланѓаните, ама тие нема да бидат шампион на својата земја и тоа е главен предуслов.
Откако Олимпијакос се пласира во осминафиналето на Лигата на Европа собра коефициент подобар од тој на Динамо. Грците имаат 56.500 поени, додека Динамо е третопласиран со 56.000
Сега откако Олимпијакос го обезбеди трофејот во Грција стана јасно дека дури и Динамо да направи чудо и во финишот на сезоната да го одбрани тронот, нема да има директно место во елитното европско натпреварување.
Само едно сценарио може да го остави Олимпијакос без директно место во Лигата на шампионите, а тоа е лудо. Бодо/Глимт треба да ги добие следните три натпревари во Лигата на Европа (реванш четвртфинале со Лацио и двете полуфиналиња), а потоа во мечот за трофејот смее да загуби ама само на пенали за да го грабне првото место.
Можеби ќе ве интересира
Атлетико добро се испоти за да го победи Ваљадолид (ВИДЕО)