Отворено Балканското првенство во одбојка на песок во Тетово

На плоштадот „Илирија“ во Тетово, синоќа, свечено беше отворено годинешното издание на БВА Балканскиот шампионат во одбојка на песок до 22 години мажи и жени. Вкупно 15 екипи од шест балкански земји овие три дена ќе понудат талент, фер-плеј и спортско уживање на македонската одбојкарска јавност, особено на жителите на Тетово.

На свеченото отворањето присуствуваа и се обратија градоначалникот на Тетово, Биљал Касами како домаќин на шампионатот, претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски, министерот за спорт Борко Ристовски и првиот заменик на Владата Изет Меџити. Заедничката порака која ја упатија е дека „спортот е заеднички јазик меѓу народите“, кој обединува и ја продлабочува соработката меѓу балканските земји.

Македонија веќе традиционално е организатор на БВА Балканските шампионати во одбојка на песок за помлади категории на играчи, кои се вистинска летна атракција за љубителите на одбојката.