Перез и Ботас ќе возат за „Кадилак“

Новиот Формула 1 тим „Кадилак“ сè уште не го потврдил составот на возачи за својата дебитантска сезона. Според најновите информации, во игра се двајца возачи со големо искуство и победничко педигре.

„Џенерал моторс“ ќе влезе во Формула 1 во 2026 година како 11-ти тим под луксузниот бренд „Кадилак“. Дебито ќе се одржи во моментот кога новите технички правила ќе стапат во сила, а проектот е заеднички потфат на „Џенерал моторс“ и „ТВГ“.

Иако составот на возачите сè уште не е потврден, медиумите наведуваат неколку можни кандидати. Меѓу имињата се Серхио Перез, Валтери Ботас, Мик Шумахер, Жу Гуанжу и Фелипе Друговиќ, како и американските возачи Зак Крофорд и Колтон Херта.

Сепак, според некои извори првиот избор на новиот Ф1 тим се искусните Перез и Ботас.