Постекоглу ја почнува новата ера во Форест со амбиции за трофеи

Анж Постекоглу официјално е новиот тренер на Нотингем Форест, отворајќи ново поглавје во својата тренерска кариера. Откако си замина од Тотенхем, австралискиот стратег пристигнува со јасна цел, да донесе успеси и трофеи на клуб кој долго време чека на слава. 

Неговото време во Тотенхем заврши по тешка сезона во Премиер Лигата, каде тимот заврши на 17-то место. Сепак, тој замина со голем трофеј, прва европска титула за клубот по долги години. И покрај резултатите, неговата врска со навивачите остана силна, а многумина му се заблагодарија за посветеноста. 

На претставувањето во Форест, Постекоглу зборуваше за топлиот пречек од навивачите и луѓето во клубот. Се потсети и на моменти од времето во Тотенхем, каде што фанови го канеле на вечера, гестови што ја покажуваат силната врска што ја создаде со заедницата таму. Сепак, неговата порака беше јасна, дојден е да победува и да ја врати радоста на Сити Граунд. 

Постекоглу е познат по својот офанзивен и енергичен стил на игра, што веќе го покажа vо Селтик и Тотенхем. Неговото доаѓање внесе нова надеж кај навивачите и раководството на Форест. Сезоната е сè уште во рана фаза, клубот се наоѓа на средината на табелата, а со него на чело, амбициите за домашен и европски успех повторно изгледаат реални.