Почнува новогодишната турнеја „Четири скокалници“

Во Оберстдорф, Германија, денес започнува 74-то издание на Новогодишната турнеја на четири скокалници. По Оберсдорф, скокачите ќе се преселат во друг ски центар во Германија, во Гармиш-Партенкирхен на 1 јануари, а потоа следуваат уште две натпреварување во Австрија.

Натпреварот во Инсбрук е закажан за 4 јануари, а турнејата традиционално завршува во Бишофсхофен на 6 јануари.

Најголем фаворит за победа на Новогодишната турнеја е Домен Превц од Словенија. Одличниот словенечки скокач се истакна во Оберстдорф во квалификациите во неделата, прескокнувајќи 139,5 метри. За тој скок, тој доби 150,9 поени, надминувајќи го второпласираниот Германец Филип Рајмунд за седум метри и 10,7 поени (132,5 м/140,2).

Трет беше победникот на минатосезонската турнеја и освојувач на Големиот кристален глобус, Даниел Чофениг од Австрија, кој беше осум метри и 11,3 поени зад Превц.

Во досегашната историја на Новогодишната турнеја – четири скокалници рекордер е Јане Ахонен од Финска со 5 титули, а зад него е Јенс Ваисфлог со 4 трофеи од оваа натпреварување. Камил Штох и Кобајаши се оние кои имаат по 3 титули од Новогодишната турнеја – четири скокалници.