Реал и Барса добија лесни противници во Купот на Кралот

Во Шпанија се одржа ждрепката за 1/16 финалето на Купот на Шпанија. Противник на Реал Мадрид во оваа фаза ќе биде клубот од третата лига на Шпанија, Талавера де ла Реина. Натпреварот ќе се одржи на 17 декември, со почеток во 21:00 часот. Реал Мадрид ќе игра на гостински терен.

Барселона ќе се соочи со Гвадалахара, уште еден клуб од третата лига, во 1/16-финалето на Копа Дел Реј. Натпреварот Гвадалахара – Барселона ќе се одржи на 16 декември исто така во 21:00 часот.

Барселона е актуелен освојувач на Купот на Кралот, додека Реал Мадрид последен пат го освои трофејот во сезоната 2022/2023.